Top Sport

Овојпат нема „бајки“ – Вотфорд го отпуштија Раниери

Вотфорд го отпуштија Клаудио Раниери по нешто повеќе од три месеци на чело на премиерлигашот, по катастрофалната серија резултати и сега ќе бараат трет тренер оваа сезона.

Газдата Џино Поцо го отпушти Чиско Муњоз на 3 октомври во моменти кога Вотфорд беше 14. на табелата, и Раниери успеа да освои само седум поени со клубот, од кои најдобар резултат му беше шокантната 4:1 победа над Манчестер јунајтед (по која отказ доби нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер).

Во петокот, Вотфорд загубија со 3:0 од ривалите во борбата за опстанок, Норич, по што се на 18. место на табелата само три поени од дното.

Ова беше четврта тренераска работа за 70-годишниот Италијанец во Премиерлигата, по Челси, Лестер и Фулам. Најголемиот успех, несомнено, е сезоната 2015/16 кога со Лестер ја освоија титулата од Премиерлигата. Но, овојпат немаше фудбалски чуда.

Scroll to Top