Месут Озил нема проблем да си замине од Арсенал овој месец, но само ако лондонскиот клуб продолжи да му ја плаќа платата во следните две години, тврди британскиот таблоид „Сан“.
32-годишниот Озил е исклучен од тимот на Микел Артета со последен меч во март и се очекува да замине од „Емирати“ кога ќе заврши неговиот договор од фантастични 350.000 фунти неделно, со Фенербахче и Ди Си јунајтед како главни кандидати за неговиот потпис.
Сега, тој наводно се обидува да го прекрати договорот со Арсенал предвреме, но само ако клубот му плаќа 68.000 фунти неделно до летото 2023. Ако почека до летото, тој ќе заработи околу 7.2 милиони фунти и се верува дека нема намера да прости долг на клубот, така што е можно Арсенал да се согласи на оваа „шема“.
Германецот дојде во Арсенал од Реал Мадрид во септември 2013 за тогаш рекордни за клубот 42.5 милиони фунти и одигра 254 меча за „топчиите“ со 44 гола и 77 асистенции и четири освоени ФА куп трофеи.