Top Sport

Масвидал: Пред да се повлечам, ќе го убијам Ковингтон во кафезот

Хорхе Масвидал вети одмазда против својот лут ривал Колби Ковингтон по поразот од него пред една година на УФЦ 272, кога победи на поени.

По овој меч, неколку недели подоцна двајцата се сретнаа во еден ресторан во Мајами, каде штоо Масвидал го нападна Ковингтон, нанесувајќи му повреди на лицето. Односите меѓу двајцата оттогаш само се влошија и Масвидал има план.

„Не го фатив тогаш, но ви ветувам: Пред да заврши мојата кариера, ќе го убијам Колби во кафезот. Не знам што се случуваше пред тој меч, но знам дека има нешто нелегално. Но, затоа, јас ќе го фатам во кафезот, во УФЦ, ќе му ја земам душата. Не бев добар во првиот меч, но во овој спорт, секогаш е најважен следниот меч. Ви веетувам дека ќе го направам тоа“, вели Масвидал.

Scroll to Top