Месут Озил е пречкртан во Арсенал. Менаџерот Микел Артета не го пријави за натпреварите во Лига Европа и Премиер лигата, со што му испрати порака дека не сака да го има во тимот.
Арсенал, поради палатата што ја има Озил, во преодниот рок неуспешно се обиде да се ослободи од него. Наводно, тој одбил платата да му биде намалена, поради што се нашол нашол на „црната листа“.
Езил, денес реши да го прекине молчењето и преку социјалните мрежи им се обратил на навивачите на Арсенал.
„Тешко ми е што ова им го пишувам на навивачите на Арсенал. Многу сум разочаран што клубот не ме пријави за Премиер лигата. Откако во 2018 година го потпишав новиот договор, му се обврзав на верност на клубот што го сакам. Тажен сум што тоа не ми е возвратено. Во денешно време очигледно е тешко да покажеш верност. Се обидував, од недела во недела, да останам позитивен, се надевав дека ќе добијам шанса и дека ќе се вратам во тимот. Поради тоа досега молчев. Пред паузата со коронавирусoт бев среќен како се одвиваа работите со новиот тренер Микел Артета. Бевме на вистинскиот пат, играв на добро ниво“, напишал Озил и продолжил.
„Потоа работите се сменија. Не ми даваа да играм за Арсенал. Што повеќе можам да кажам. Лондон се уште го чувствувам како свој дом, овде имам многу пријатели и чувствувам голема поврзаност со навивачите. Без оглед на сè нема да дозволам мојата осма сезона во клубот вака да заврши. Оваа одлука нема ништо да смени кај мене. Ќе продолжам да тренирам и секогаш ќе го кревам гласот против нехуманоста“.
Договорот на Озил со Арсенал истекува по завршувањето на сезоната. Озил за Арсенал има одиграно 244 натпревари.