Турските медиуми денеска пишуваат дека фудбалскиот репрезентативец на БиХ, Сеад Колашинац е на чекор од потпис со истанбулски Фенербахче.
Наводно, важна улога во целата ситуација има доскорешниот соиграч на Колашинац во Арсенал, неговиот пријател Месут Озил.
Тренерот на „топчиите“ Микел Артета му стави до знаење на Колацинац дека дефанзивецот не е во неговите планови за новата сезона, па се поизвесно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигант.
Преговорите меѓу двата клуба, наводно се во завршна фаза.
Инаку, Арсенал во првото сезонско коло од ПЛ загуби нагости кај Брентфорд (2-0), а Колашинац не беше во комбинација за овој меч.