Асот на Арсенал, Месут Озил и неговата сопруга, поранешната Мис на Турција, Амине Ѓулсе ја споделија својата прва фотографија со нивната нова ќеркичка Еда.
„Фала му на Господа што нашата ќерка Еда беше родена здрава. Со божја волја да бидеме добри за околината и за целото човештво“, напиша Озил на Инстаграм постот.
Двојката се ожени во Турција минатата година, а во бременоста на Ѓулсе имаше и ризични моменти, бидејќи кога таа беше три месеци трудна, Озил и неговиот соиграч Сеад Колашинац беа ограбени во својот автомобил во Лондон.
Честитки на Озил му пратија неговите соиграчи Пјер-Емерик Обамејанг, Александер Лаказет, Шкодран Мустафи и самиот Колашинац.