Top Sport

Компани понуди самиот да ги плаќа платите на соиграчите во Андерлехт

Поранешниот капитен на Манчестер сити, Винсен Компани понуди лично да ги исплаќа платите на неговите соиграчи од Андерлехт доколку тие одбијат да се согласат на откажување од платата поради корона вирусот.

33-годишниот Компани, кој оваа сезона се врати во својот клуб од Брисел како фудбалер и менаџер, уште еднаш ја покажа љубовта кон клубот кому не му оди најдобро во последните години, ниту финансиски, ниту резултатски.

Андерлехт побара од своите фудбалери да се откажат од една плата, но Компани е тука да помогне, јавуваат белгиските медиуми, за да се избегне отпуштање на дел од вработените во клубот или на самите фудбалери.

Андерлехт не е единствениот клуб кој има проблеми да се соочи со отсуството на прилив на пари поради прекинувањето на лигите – откако Барселона ги намали платите на играчите за неверојатни 70 отсто, а и во Јувентус имаше големо „кратење“.

Scroll to Top