Пред дуелот со Манчестер сити во финалето на Карабао купот, ѕвездата на Арсенал, Месут Озил очигледно е оздравен на време за да ужива во кафе со принцот на Јордан, Али.
Озил не настапи во реваншот против Остерсундс во четвртокот, кој Арсенал засрамувачки го загуби со 1:2, но во петокот реши да се опушти со принцот Али во англиската престолнина. Озил на Инстаграм се пофали со фотографијата во Сохо.
29-годишниот Озил неодамна по низата шпекулации околу иднината во тимот на „топчиите“, неодамна ја продолжи верноста на тимот со кој се надева дека ќе се врати во борбата за големите трофеи.