Top Sport

Озил на првиот гол за Фенер чекаше 8 месеци!

Месут Озил, конечно, се запиша во листата на стрелците за Фенербахче, осум месеци откако се приклучи на истанбулскиот гигант, постигнувајќи го првиот гол по 18 месеци.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид го постигна единствениот гол при 1:0 победата над Адана на гости, и воодушевувањето беше големо, кај него и кај навивачите на Фенер.

32-годишниот германски репрезентативец конечно беше продаден на Фенер по раскинот на договорот со Арсенал, откако во Лондон беше „замрзнат“ на клупата од страна на менаџерот Микел Артета.

Scroll to Top