Месут Озил го критикуваше поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, велејќи дека клубот застранил од „вистинските вредности“ за сега да се врати на вистински пат под Микел Артета.
Германецот беше во конфликт со Емери во текот на неговите 18 месеци на Емирати, стартувајќи само 20 лигашки мечеви минатата сезона. Под Артета, 31-годишниот Озил ги има стартувано сите мечеви, со само еден пораз во пет меча. Озил не беше срамежлив кога беше запрашан за промените во тимот.
„Во основа, сега со тренерот се враќаме на вистинските вредности на Арсенал. Борбена игра, игра со многу посед, контролирање на мечот. Тоа се работи на кои работиме и може да се забележи. Сите се смеат, уживаат во играта и тоа не направи успешни. Мислам дека тоа е вистинскиот човек за нашиот клуб“, вели Озил.
Артета, кој ја заврши својата кариера во Арсенал во 2016 година, последните три години беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.