Top Sport

Шарапова и Димитров во „незгодна“ средба во Мелбурн (видео)

Марија Шарапова и Григор Димитров имаа смешна средба на Кујонг класик, егзибицискиот турнир во Мелбурн пред Австралија опен. Тениската двојка беше заедно од 2013 до 2015, но очигледно меѓу нив нема „зла крв“.

Шарапова беше дел од коментаторскиот дел на австралиската „СБС“ телевизија кога Димитров ја забележа.

„Тој само гледа навака, дали можете да му кажете да престане да ѕвери“, изјави Шарапова на шега.

Димитров потоа дојде до неа и ги зема слушалките да може да го следи разговорот, по што Шарапова го запраша: „Што се случува со оваа жолта работа?“, покажувајќи на неговите шорцеви. „Мислев дека сакаш жолто на мене, но океј. Луѓето се менуваат“, призна Димитров.

Шарапова неодамна зборуваше за причините поради која „пропадна“ врската со Димитров, велејќи дека едноставно се работело за „лош тајминг“.

„Григор неодамна ми кажа дека една од најлошите работи во животот е кога го имаш вистинското нешто во погрешно време“, напиша таа во својата автобиографија.

Scroll to Top