Top Sport

Озил: Не сум видел човек како Кристијано Роналдо

Месут Озил вели дека „никогаш не видел“ човек како Кристијано Роналдо и ѕвездата на Арсенал смета дека искуството на играње со Португалецот го направило подобар фудбалер.

Двајцата играа три сезони заедно во Реал Мадрид, освојувајќи една титула во Ла лига и една во Копа дел Реј. Озил честопати беше асистент на Роналдо, пред да замине во Англија во 2013 година. 29-годишниот Озил сега може да се пофали со титула од СП, а неговиот поранешен колега со пет титули најдобар фудбалер на светот пред трансферот во Јувентус.

„Секогаш ме прашуваат како беше да се игра со Кристијано Роналдо и секогаш одговарам дека не сум видел таков човек. Тој работи толку на себе и секогаш е прв на тренинзите и последен кој си заминува. Многу е професионален и секогаш сака да победува, дури и на тренинзите. Понекогаш беше доволно само да се гледа како шутира. Покрај тоа, тој е фантастичен човек надвор од фудбалскиот терен“, вели Озил.

Според тогашните вести, Роналдо бил лут кога Реал решиле да го продадат Озил, бидејќи тој бил „човекот кој ги знае“ сите потези пред голот.

Scroll to Top