Top Sport

Озил нема да го игра финалето на ФА купот – отиде на одмор во Турција!

Месут Озил нема да игра во финалето на ФА купот помеѓу Арсенал и Челси во сабота, откако според англиските медиуми отишол на одмор во Турција.

31-годишниот Озил не играше под Микел Артета по рестартот на Премиер лигата во средината на јуни и сега најверојатно ќе го следи дуелот за титулата на „Вембли“ на ТВ-екраните. Арсенал официјално тврдат дека поранешниот освојувач на СП со Германија има повреда на грбот, но шпекулациите велат дека Артета не смета на него во иднина. За потсетување, тој има неделна плата од неверојатни 350.000 фунти.

Озил има договор со клубот од северен Лондон до 2021 година, но неговиот агент Еркут Согут изјави дека тој планира да остане подолго во Арсенал и покрај шпекулациите дека Фенербахче сакаат да го ангажираат.

Scroll to Top