Месут Озил смета дека „Фенербахче е на прво место“, откако вчера беше суспендиран од клубот по несогласувањата со преодниот тренер на тимот, Исмаил Картал.
Озил стартуваше претходниот викенд на мечот против Коњаспор, но беше повлечен на полувреме при 2:1 победата, а вчера Фенер објавија дека тој и неговиот соиграч Озан Туфан се „исклучени“ од тимот.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал преку социјалните мрежи објави фотографија на турското знаме и на знамето на Фенербахче со кратка порака: „Главната работа е Фенербахче“.
Според турските медиуми главниот проблем со Картал е „недоволната физичка подготвеност“ на Озил, кој не успеал да изддржи 90 минути против Коњаспор. Озил ги пропушти првите осум меча од 2022 поради повреда со грбот, но се врати на терените на почетокот на март. По првите пет минути како замена, играше 74 минути при 5:2 победата над Алањаспор, пред мечот со Коњаспор.
Aslolan Fenerbahçe’dir ???? #M1Ö pic.twitter.com/mAHgPLXGif
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) March 25, 2022