Top Sport

Озил прифатил три пати помала плата во Фенербахче

Месут Озил кариерата ја продолжува во земјата на неговите родители. Тој договори три и пол годишна соработка со Фенербахче. Озил, претходните седум и пол години ги мина во Арсенал, со „тобџиите“ освои четири трофеи во ФА купот.

Светскиот првак со Германија од 2014 година, во Фенербахче ќе заработува 67.300 фунти неделно, што е три пати помалку од неделната палата што ја имаше во Арсенал.

Озил, открил зошто решил да ја прифати понудата на славниот турски клуб.

„Желба на мојата мајка отсекогаш била барем еднаш во кариерата да го облечам дресот на Фенербахче“.

Scroll to Top