Top Sport

Алаба не потпишал ништо со Реал, ќе чека да завршат изборите во Барселона

„Марка“, доцна синоќа, објави дека Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид. Овој медиуми, тврди дека Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, со годишна плата од 11 милиони евра. Австриецот во Реал би пристигнал во јули.

На оваа бомбастична информација од Мадрид, во текот на денот стигнаа деманти од Германија.

Уредникот на „Билд“, Кристијан Флак, во врска со трансферот на Алаба го контактирал таткото на фудбалерот. Неговиот одговор го обајави на „Твитер“.

„Ништо не е договорено со Реал Мадрид, ништо не е потпишано. Има и други клубови кои се заинтересирани. Пини Захави преговара со неколку клубови, меѓу нив е и Барселона“, рекол Џорџ Алаба за „Билд“.

Новинарот на „Скај Спорт Германија“, Макс Билефелд, тврди дека во април или мај ќе биде познато каде Алаба ќе ја продолжи кариерата.

„Менацерот на Алаба, Пини Захави, сака да го види епилогот од претседателските избори во Барселона. Доколку победи неговиот пријател Џоан Лапорта, Захави би сакал да влезе во преговори со Барселона. Во овој момент е јасно дека Захави сака да почека до април или мај“, напишал Билефелд, со напомена дека Алаба вчера бил на лекарски прегледи во една клиника, но дека таму немало ниту еден лекар на Реал, како што тврди „Марка“.

Извори од Каталонија тврдат дека Барселона во овој момент нема пари за да ја покрие платата на Алаба, но дека пријателите Лапорта и Захави, би можеле некако да го решат проблемот.

Џоан Лапорта и Пини Захави не се само блиски пријатели, тие се и бизнис партнери, имаат заедничка компанија со седиште во Кипар.

Scroll to Top