Top Sport

Озил се потпиша на жолтиот картон на судијата (видео)

Во еден од најнеобичните моменти на летните подготвителни натпревари, Месут Озил му даде автограм на судијата Нејтан Чен на неговите жолти картони!

Арсенал со 5:1 ги совлада Пари Сен-Жермен во Сингапур, а Озил се врати на фудбалот по одлуката да се повлече од германската репрезентацијата. Пред мечот, судијата, очигледно импресиониран од капитенот на Арсенал побара автограми кои ги доби на жолтите картони.

Ова не беше единствен бизарен момент на мечот, откако судијата заборави да понесе и паричка на стартот на мечот, и дилемата беше решена со фрлање на кредитна картичка!

Scroll to Top