Месут Озил му прати порака на солидарност на Џером Боатенг, откако селекторот Јоаким Лев потврди дека веќе нема да го вика во репрезентацијата дефанзивецот на Баерн Минхен, заедно со неговите соиграчи Томас Милер и Матс Хумелс.
Тројцата беа дел од германската репрезентација која го крена трофејот од Светското првенство во Бразил во 2014, а Боатенг призна на Инстаграм дека е разочаран од одлуката бидејќи уште може да игра на највисоко ниво.
Озил и Боатенг се познаваат добро, бидејќи двајцата беа дел од германската младинска репрезентација која го освои ЕП под 21 година во 2009 година и фудбалерот на Арсенал, кој си замина од „маншафт“ по обвинувањата за расизам во репрезентацијата, на Инстаграм го поддржа Боатенг.
„Главата горе, брату! Од нашите почетоци во младинските репрезентации сме прославиле многу посебни моменти. Ти си вистински приајтел и голема личност на теренот и надвор од него. Жал ми е што еден од најдобрите германски фудбалери последните децении си заминува од репрезентацијата на ваков начин“, напиша Озил.
Заигра метлата кај „панцирите“, три ѕвезди на Баерн надвор од репрезентацијата