Top Sport

Карвахал: Сезоната заврши! Не се вративме во живот по поразите од Барса

Дани Карвахал, момчето од школата на Реал Мадрид, вели дека не е лесно да се вратиш на голем меч од Лигата на шампионите по двата порази од Барселона дома, откако „кралскиот клуб“ доживеа фијаско и беше поразен со 1:4 дома од Ајакс и елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.

На Карвахал му беше оставена тешката задача да се појави пред новинарите по катастрофалниот пораз кој доаѓа по три години доминација на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Претходно, Реал загуби двапати дома од Каталонците, еднаш во купот (0:3) и еднаш во Ла лига (0:1).

„Ова не е крај на еден циклус, имаме млад тим кој е на сопствен пат. Но, јасно е дека сезоната за нас заврши. За една недела сѐ отиде во неповрат и немаме изговори. Срање сезона. Никогаш не сум имал вакво чувство на нелагодност, и тоа на домашен терен, Ајакс беше многу подобар од нас. Не беше лесно да се вратиме по двата порази од Барселона дома“, признава Карвахал.

Фијаско на шампионот во Мадрид – Тадиќ и Ајакс го декласираа „кралскиот“ клуб (видео)

Scroll to Top