Месут Озил, во јануарскиот преоден рок би можел да стане играч на Фенербахче. Озил не се наоѓа во плановите на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, последниот натпревар го одиграл на 7.март.
Еден од членовите на управата на Фенербахче, Мурат Зорлу, потврдил дека постојат големи шанси Озил да се пресели во Истанбул.
„Ми кажаа дека Озил веројатно ќе дојде во Фенербахче, во текот на јануарскиот преоден рок. Шансите да се случи ова се 90 отсто“, рекол Зорлу.
Главниот проблем за реализација на трансферот е платата на Озил. Поранешниот германски репрезентативец во Арсенал има неделна плата од 350.000 фунти.
Доколку Озил ги намали финансиските барања, реално е тој да пристигне во Фенербахче.