Top Sport

Пабло Ескобар му го поштедил животот на перуанскиот селектор Гарека

Славниот „цар“ на кокаинот, Пабло Ескобар планирал напад на фудбалерите на клубот Америка де Кали, но се откажал од таа идеја за да го поштеди животот на сегашниот селектор на репрезентацијата на Перу, Рикардо Гарека, јавува „Марка“.

„Војната“ меѓу картелите на Кали и Меделјин во Колумбија имаше многу жртви од бомбашките напади, а ривалите од Кали дури тргнаа по членовите на семејството на Ескобар. Според еден од платените убијци на Ескобар, Џон Хаиро Веласкез Васкез, познат како „Попај“, неговиот шеф сакал да се одмазди со тоа што ќе ги нападне фудбалерите на најпознатиот клуб од Кали. Според Попај, Ескобар го спречил нападот поради љубовта кон фудбалот и почитта кон Гарека.

„Рикардо Гарека секогаш беше пред очите на Пабло Ескобар, но тој реши да не оди по него. Дури киднапираше фудбалери од Кали за да му ги донесат браќата Родригез, но тие не соработуваа и го убија семејството на Педро Енрике Сармиенто, кој сега работи како коментатор за ’Гол Карасол’. Постоеше можност да го убиеме Гарека со бомба во автомобил, но тоа не се случи“, изјави Попај за перуанскиот весник „Ел популар“.

Гарека беше фудбалер на Америка де Кали од 1985 до 1988 година.

 

Scroll to Top