Две години по ред, Премиер лигата ги рушеше рекордите на гледаност, но тој тренд не продолжи во сезоната која заврши пред еден месец.
Англиските медиуми наведуваат дека главната причина е фактот што немаше неизвесност во борбата за титулата.
Ливерпул го обезбеди првото место во трката со Арсенал прерано, веќе во април. Поранешниот четирикратен шампион по ред Манчестер сити исто така брзо испадна од трката.
Дел од вината оди и кај трите најслаби тимови во лигата: Лестер, Ипсвич и Саутемптон, тие се откажаа прерано, па трката за опстанок беше неинтересна.
Најинтересно беше во борбата за Лигата на шампионите, но не доволно за да се зголеми гледаноста.