Top Sport

Падна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата (видео)

Шејн Лонг донесе водство за Саутемптон на гостувањето кај Ватфорд со најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата, откако го пронајде патот до мрежата за само седум секунди на „Викариџ роуд“.

Бекот на Ватфорд ја предаде топката веднаш по стартот, и Лонг се избрза и го постигна најбрзиот гол во историјата на англиската Премиер лига  – за само 7.69 секунди.

Претходниот рекорд беше на легендата на Тотенхем, Ледли Кинг, кој во 2000 постигна гол по само 9.82 секунди на гости кај Бредфорд. Кристијан Ериксен беше блиску за Тотенхем по голот против Манчестер јунајтед на „Вембли“ по 10.54 секунди.

Scroll to Top