Top Sport

Падна прва пресуда за местење натпревари во Шпанија

Играчот од средниот ред на Луго, Чави Торес, е осуден на десет месеци затвор и една година и десет месеци суспензија од фудбалот во „случајот Осасуна“. Ова е прва пресуда за местење натпревари изречена во Шпанија.

Врховниот суд му ја намали затворската казна на играчот од една година на десет месеци, како и дисквалификацијата од две години на 22 месеци.

Судот му наложи и да плати парична казна од 400.000 евра и една единаесетина од трошоците на судењето.

Чави Торес одигра 230 натпревари во шпанскиот професионален фудбал, од кои 156 во Ла Лига, носејќи го дресот на Барселона, Малага, Леванте, Хетафе, Бетис, Спортинг Хихон и на Елче.

Scroll to Top