Човекот кој со падобран падна на стадионот „Мапеи“ во текот на мечот Сасуоло-Интер (3:4), доби забрана за пристапување на било кои спортски настани во Италија, но тој тврди дека не планирал да направи „инвазија“ на теренот.
Необичниот момент се случи во неделата попладне, во моменти кога Ромелу Лукаку се подготвуваше да изведе пенал за Интер, а ТВ камерите се „тргнаа“ од падобранецот во обид да не даваат публицитет на вакви испади.
Според италијанската новинска агенција „Анса“, 36-годишниот падобранец полетал со авион од ближниот аеродром Камповоло и тврди дека морал да направи принудно следување и дека не сфатил дека „малиот зелен правоаголник“ е фудбалски стадион.