Top Sport

„Dude Perfect“ го имаат најдобриот Јутјуб канал за спортски трикови и илузии (видео)

Пријателите од колеџ, Герет Хилберт, Коди Џонс, Тајлер Тони и близнаците Кори и Коби Котон го имаат можеби најлудиот спортски Јутјуб канал на светот, под името „Dude Perfect“, во кој има спортски трик-удари, кои на прв поглед не се така едноставни како што изгледаат, а честопати се работи и за умни илузии.

Откако едно нивно видео стана популарно, поранешните кошаркари на Тексас А&М универзитетот решија да се заангажираат и да направат повеќе видеа од вакви удари, правејќи вистинска кариера. Нивниот Јутјуб канал има над 46 милиони претплатници, а секое видео се гледа над 10 милиони пати.

Еве само два добри примери за нивната умешност.

Scroll to Top