Top Sport

Ракетите со тројки ги уништија Голден Стејт (Видео)

Кошаркарите на Хјустон славеа над Голден Стејт 127:105, во вториот натпреар од финалето во Заладната конференција и го израмнија резултатот во серијата на 1-1.

Најдобрииот тим во регуларниот дел од сезоната, одигра многу подобро од она што го демонстрираше во првиот меч, кога Голден Стејт направи брејк и со шутот за три поени ја растурија дефанзивата на гостите.

Одличната шутерска вечер Хјустон ја најави во финишот на првиот период кога со серијата 10:3, стекна предност 38:26. Голден Стејт успеа да се врати на 40:35, но „ракетите“ со нова серија по 20 минути игра стекнаа нова двоцифрена предност (54:40).

Домашните кошаркари на полувреме имаа предност 64:50. Во првите две четвртини играчите на Хјустон погодија 10 тројки од 23 обиди.

Кај Голден Стејт играше само Кевин Дурент кој во првиот дел постигна 18 поени, а сите останати од стартната петорка комбинираа 19 кошеви.

Во третата четвртина разликата на страната на Хјустон ја одржуваше Крис Пол, кој во во овој период реализира 11 поени.

Иако, Голден Стејт не блескаше, Хјустон прашањето на победникот го реши дури на шест и пол минути до крајот кога со серијата 11:0 се одлепи на 111:89.

Хјустн до победата го предводеа Ерик Гордон и Џејмс Харден со по 27 поени, Крис такер уфрли 22 коша, што е негов рекорд во плеј-оф натпреварите, Тревор Ариза забележа 19 поени и шест асистенции, а Крис Пол заврши со 16 поени, 4 скока и 9 асистенции.

Кај Вориорс играше само Кевин Дурент, тој постигна 38 поени, а потфрли Клеј Томпсон со само 8 поени. Стеф Кари беше на својот овосезонски просек од 16 поени.

Серијата сега се сели во Оукленд, каде Голден Стејт ќе биде домаќин на 21. и 23.мај.

Scroll to Top