Димитри Паје, поради повреда, не е дел од француската репрезентација на Светското првенство, пред 18 месеци молеше да замине од Вест Хем јунајтед, а сега сака да се врати во редовите на овој премиерлигаш.
Паје, пред 18 месеци, откако блескаше во дресот на Вест Хем, буквално го натера клубот да го продаде во Олимпик Марсеј, а сега побарал да се врати меѓу „чеканите“.
Менаџерите на фудбалерот веќе му ја презентирале оваа идеа на новиот менаџер на лондонскиот клуб, Мануел Пелегрини.
Според информациите од Лондон, Вест Хем е подготвен да му ги „прости гревовите“ на Паје, меѓутоа челниците најпрвин сакаат да „слушнат“ што мислат навивачите, односно да се уверат дека неговото враќање нема да предизвика незадоволство кај фановите, поради начинот на кој тој го напушти клубот.
За Вест Хем, Паје, играше две сезони, во кои имаше учинок од 11 гола на 48 натпревари. Слична статистика има и во Олимпик Марсеј, 46 натпревари и 10 постигнато гола.