Top Sport

Гризман: Не го прославив голот од почит кон уругвајскиот народ

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман, по четврт-финалната пресметка со Уругвај, не криел дека е воодушевен од Уругвај и неговиот народ.

Гризман ја предводеше Франција до победата над Уругвај 2:0 со асистенција и гол, тој е прогласен за играч на натпреварот во Нижни Новгород, а интересно не го прослави голот што го постигна.

„Уругвај е тежок ривал, ме потсетува на мојот Атлетико. Секој вредно работи и во одбраната и во нападот. Задоволство е кока ќе видите нешто такво. Ја сакам уругвајската култура, го сакам уругвајскиот народ. Многу ги почитувам“, рекол Гризман.

„Голот не го славев бидејќи имав голема поддршка од еден Уругваец на почетокот на мојата професионална кариера. Тој ме научи на се она што е добро и лошо во професионалниот фудбал. Поради тоа многу го почитувам Уругвај. Исто така играв против моите добри пријатели (Диего Годин и Хосе Марија Хименез) и сметам дека е нормално што не го прославив голот“, дополнил Гризман.

Франција во полу-финалето на СП ќе игра против Белгија.

Scroll to Top