И по три одиграни кола во новата сезона во Првата лига, шампионот Шкендија уште нема победа, откако во возбудлив меч во Штип, примија гол во 92. минута за 3:3 реми со Брегалница.
Домаќините стигнаа до брзо водство преку Алтипармаковски во 12. минута, пред Шкендија да израмни со автогол во 59. минута, за само три минути подоцна Брегалница пак да поведе преку Стојанов. Сепак, тетовци ја имаа победата во раце, кога прво Бесарт Ибраими израмни на 2:2 во 81. минута, за во 89. минута Љупче Дориев од пенал да донесе 2:3 водство. Поенот за Брегалница го обезбеди Владимир Дујовски во 92. минута со прекрасен гол.
На врвот на табелата се одвоија три клуба со по 7 поени, Шкупи, по 2:0 победата на гости кај Пелистер, Ренова, откако со 2:0 го совлада Борец и Академија Пандев, која со идентични 2:0 го победи новиот прволигаш Тиквеш.
Фото: ФК Брегалница
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО
Брегалница – Шкендија 3:3
Македонија Ѓорче Петров – Скопје 5:1
Пелистер – Шкупи 0:2
Работнички – Струга 0:0
Ренова – Борец 2:0
Тиквеш – Академија Пандев 0:2