Давиде Балардини повторно треба да биде спасител за Џенова, откако најстариот италијански фудбалски клуб го врати по четврти пат на клупата како замена за Роландо Маран по нов лош старт на сезоната.
Грифоне се вториот тим од Серија А кој смени тренер оваа сезона, а Балардини се враќа на „Луиџи Ферарис“ по четврти пат.
„Џенова потврди дека нов технички менаџер на првиот тим е Давиде Балардини. Тренерот се враќа во Џенова каде што веќе беше во три различни временски периоди, во 2010/11, 2012/13, 2017/19“ се вели во соопштението на тимот.
Претседателот на Џенова, Енрико Прециози во октомври 2018 го отпушти Балардини со изјава дека се работи за „ужасен тренер“, пред да го врати на крајот на 2019 во обид да се спаси од испаѓање. Откако му успеа ова, тој повторно беше отпуштен.
?? Davide #Ballardini è l’allenatore del Genoa.
? Leggi qui ➡️ https://t.co/8GBdYpPSTG pic.twitter.com/FoszPI3hXT
— Genoa CFC (@GenoaCFC) December 21, 2020
Џенова пак го отпушти Балардини, претседателот вели: Тој е ужасен тренер