Дента кога светот се потсети на неговиот најславен натпревар, двата гола против Англија на СП во 1986 година, Диего Армандо Марадона уште еднаш стана предмет на потсмев кај своите сограѓани по објавата на едно контроверзно видео.
Во очигледна алкохолизирана состојба, Марадона беше фатен на видео како игра со својата поранешна партнерка Вероника Охеда, прекршувајќи ги правилата за карантин во Аргентина, и уште потрагично, видеото завршува со тоа што тој го покажува својот задник.
Una pena este Maradona, no se cuida y no le cuidan. pic.twitter.com/yfzEGU0qh5
— Gustavo Fretes GEF (@poharoysa) June 22, 2020