Top Sport

Пакета исклучен од тимот на Милан, бара да си замине

Иако пристигна на „Сан Сиро“ само пред една година, Лукас Пакета веќе бара излез од Милан, откако италијанските медиуми тврдеа дека тој самиот побарал да не биде вклучен во тимот за дуелот со Бреша во очекување на трансфер.

Бразилецот на само осум меча оваа сезона беше стартер, по што според „Скај спорт Италија“ побарал од тренерот Стефано Пиоли да го изземе од составот за Бреша.

Тој е само еден од низата фудбалери на Милан за кои се шпекулира дека сакаат да направат трансфер при крајот на преодниот рок, по Шпанецот Сусо, Полјакот Кшиштоф Пјонтек и Швајцарецот Рикардо Родригез.

Scroll to Top