Top Sport

Пакета од Сити го делат 15 милиони евра

Манчестер сити нема да се откажат од Лукас пакета. „Граѓаните“ ќе одржат уште една рунда преговори со челниците на Вест Хем јунајтед. Според англиските медиуми, Пакета се согласил да се пресели во Манчестер сити.

Вест Хем досега одби две понуди за Бразилецот. Првата изнесувала 80 милиони евра, а втората 85 милиони евра фиксно и 10 милиони евра преку различни бонуси.

Ставот на Вест Хем е јасен, 100 милиони евра фиксно без никакви дополнителни бонуси, бидејќи како што изјавил неименуван член на Вест Хем „бонусите можат, но и не мора да се остварат“.

Scroll to Top