Top Sport

Пакета пред трансфер во Лион

Милан и Лион се блиску до постигнување на договор околу трансферот на Лукас Пакета (23). Новинарот Фабрицо Романо тврди дека фудбалерот се ги договорил личните услови со новиот клуб, останува уште само клубовите да се договорат околу обесштетувањето.

Пакета на почетокот на 2019 година пристигна во Милан од Фламенго за 40.000.000 евра. По доаѓањето беше стандарден во тимот, меѓутоа минатата сезона кај Стефано Пиоли речиси и да не играше.

Пакета ќе потпише договор со Лион до 2025 година.

Овој трансфер значи дека Лион ќе го напушти капитенот Хусем Ауар. Интерес за него покажува Арсенал. Микел Артета нуди 35.000.000 евра за Ауар.

Scroll to Top