Top Sport

Тотенхем тргнаа по Шкринијар

Тотенхем се заинтересирани за играчот на Интер Милан Шкринијар. Клубовите во неделата ги започнале преговорите, но не успеале да се договорат околу обесштетувањето. „Гардијан“ тврди дека во наредните денови Тотенхем ќе испратат нова понуда за Словакот.

Тотенхем на Интер им понудиле 35.000.000 евра, односно 25.000.000 евра помалку од смата што ја бара клубот од „Џузепе Меаца“. До крајот на преодниот рок Тотенхем ќе ја зголемат понудата но се верува дека таа повторно ќе биде помала од 60.000.000 евра.

Шкринијар во Интер пристигна од Сампдорија во 2017 година, кариерата ја започнал во Жилина. Тој две сезони беше столб на одбраната на Интер, меѓутоа со доаѓањето на Антонио Конте остана без место во стартната постава.

Scroll to Top