Top Sport

Пако Алкасер на позајмица во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд го добија 24-годишниот напаѓач на Барселона, Пако Алкасер на позајмица со опција за откуп на договорот, откако тој не успеа да се пробие во првиот тим на Каталонците во две сезони во тимот.

Дортмунд ќе платат 2 милиони евра веднаш, а по крајот на сезоната можат да го добијат за 23 милиони евра, иако Каталонците остануваат со опција да ја одбијат оваа понуда.

„Едвај чекам да почнам во Бундеслигата, бидејќи се работи за една од најсилните лиги на светот, а ВБВ со нивната славна трибина се магично место за секој фудбалер“, изјави Алкасер.

Тој дојде во Барселона од Валенсија во 2016 година, но минатата сезона играше во само 17 мечеви. Претходно во Валенсија тој имаше 43 гола во 124 меча.

Scroll to Top