Top Sport

Марко: Подобро Фетел да победи отколку Мерцедес

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко открива дека повеќе би сакал титулата оваа година да ја освои неговиот поранешен пулен Себастијан Фетел за Ферари, отколку Мерцедес повторно да биде шампион со Луис Хамилтон.

Фетел заостанува 17 поени зад Хамилтон по Белгиското ГП во неделата, додека кај конструкторите, Мерцедес има 15 поени пред Ферари. Марко, кој му беше шеф на Фетел во годините кога тој освои четири титули во низа за Ред бул, вели дека навива за Германецот.

„Себастијан во моментов е ментално посилен и има подобар болид. Повеќе би сакал тој да победи отколку Мерцедес. Се надевам дека може да се регрупира како што правеше со нас – една сезона заостануваше 50 поени пред летната пауза па стана шампион. Тој знае да вози со неверојатна прецизност“, вели Марко за „Сервус ТВ“.

Scroll to Top