Барселона во вторник ќе игра со Борусија Дортмунд во меч од Лигата на шампионите, и Пако Алкасер првпат проговори за заминувањето од „Ноу Камп“ минатата година, во изјава во која се чувствуваше неговата огорченост, тврдејќи дека некои луѓе во клубот се однесувале непријателски кон него.
„Имам почит кон многу луѓе и многу колеги, бидејќи многу од луѓето во Барселона се однесуваа одлично кон мене, додека мал дел беа многу лоши. Фудбалерите и фановите секогаш беа прекрасни, да го разјасниме тоа. Но, за мене беше важно да се забележи дека тие веруваат во мене, а многу луѓе не го докажаа тоа. Сепак, мормам да бидам задоволен од тоа што го постигнав таму и направив сè што можам да продолжам да играм, но тренерот ја правеше својата одлука. Тешко е да се бориш за место со Луис Суарез во тимот“, вели Алкасер.
Тој додаде дека уште не одлучил дали ќе прославува ако постигне гол против својот поранешен клуб.