Top Sport

Пако и Ројс за шести триумф во низа на Борусија во Бундеслигата (видео)

Пако Алкасер и Марко Ројс повторно постигнаа голови за Борусија Дортмунд да ја продолжи победничката низа во Бундеслигата со 2:1 триумф над Вердер Бремен.

Пако го постигна својот 11. гол оваа сезона во 20. минута од мечот на „Сигнал Идуна парк“, за само седум минути подоцна Ројс да стигне до својот 10. гол во сезоната за 2:0. Макс Крузе им даде надеж на Вердер дека можат да се спротистават на „милионерите“ со намалување на водството на 2:1, но тоа беше сѐ што успеа да направи.

По шестата победа во низа во Бундеслигата, Борусија ја зголеми предноста на табелата на девет поени пред Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top