Кристал палас стигна до импресивна 4:0 победа над Евертон во четврт-финалето на ФА купот, за да ја продолжи лошата форма на тимот на Френк Лампард, кому сега му останува само грчевите борба за опстанок во Премиерлигата.
Новиот англиски репрезентативец, Марк Гуеи во 25. минута го постигна првиот гол за Кристал палас, за Жан-Филип Матета во финишот на полувремето да зголеми на 2:0 по асистенцијата на Вилфрид Заха. Самиот Заха даде гол во 79. минута, за Вил Хјуз да стави точка на мечот во 88. минута за голем успех на тимот на Патрик Виера.
Вчера во полуфиналето се пласираше Челси со победа кај Мидлзборо, додека денеска играат Саутемптон-Манчестер сити и Нотингем форест-Ливерпул во преостанатите две четврт-финалиња.