Top Sport

Палас му нудат три годишен договор на Заха

Челниците на Кристал Палас му понудиле на играчот од средниот ред Вилфрид Заха тригодишен договор. Со новиот договор, Заха би заработувал 12 милиони по сезона, пренесува британски „Атлетик“.

Заха има договор со Кристал Палас до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Британските медиуми потсетуваат дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска е најплатениот фудбалер во историјата на Кристал Палас, бидејќи во лондонскиот клуб заработува 6,5 милиони евра годишно.

Заха на крајот од сезоната би можел без обештетување да се пресели во Арсенал или Челзи доколку реши да не ја прифати понудата од Кристал Палас.

Заха (30) речиси целата своја кариера е во Кристал Палас, исклучок е периодот од 2013 до 2015 година кога играше за Манчестер Јунајтед и Кардиф. Потоа мина одредено време на позајмица во Кристал Палас, но во 2015 година потпиша перманентен договор со лондонскиот клуб.

Заха оваа сезона одигра 28 натпревари за Кристал Палас и постигна седум гола.

Scroll to Top