Top Sport

Пандев: Овој Интер е силен, но не може да се според со тимот од 2010 година

Вечерва ќе биде позта првиот финалист во Лигата на шампионите, за сезоната 2022/2023. Интер, во градското дерби, ќе му биде домаќин на Милан. Во реваншот Интер влегува со предност 2:0. Пре една недела, фудбалерите на Интер славе со головите на Един Џеко и Хенрик Мхитаријан.

Фудбалерите на Интер 90 минути ги делат од мечот за титулата во Истанбул. Последен пат, Интер бил во финалето во 2010 година. Таа година, најславната генерација во клупската историја, предводена од Жозе Мурињо ја освои триплета.

Дел од златната генерација која го освои првенството и Купот на Италија, а потоа го победи Баерн во Мадрид и ја освои Лигата на шампионите, беше и најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев.

Пандев за „Скај спорт Италија“, говореше за полуфиналниот реванш и се потсети на 2010 година и полуфиналето кое неговата генерација го одигра против Барселона.

„Последните две ноќи пред полуфиналето со Барселона не спиев, кога почна мечот, се се врати во нромала по само пет минути. Интер има доста искусни играчи, физички се добри, но треба да го заборават првиот меч. Мислам дека можат да влезат во финалето. Интер е силен, но овој Интер не може да се спореди со оној од 2010 година. Тогаш Ето можеше сам да ви донесе победа. Симоне Инзаги е променет, минавме пет години во Лацио, тој знае како е да се пати, имаше потешкотии, но со финалето мислам дека ќе направи извонредна работа. Се надевам и дека ќе ја освои европската титула, Интер тоа го заслужува“, вели Пандев.

Натпреварот меѓу Интер и Милан кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ е закажан за вечерва од 21 часот, ќе го суди Клемон Турпан од Франција.

Scroll to Top