Top Sport

Палас не го дава Заха ниту за 70 милиони фунти плус двајца играчи!

Обидот на Евертон да го донесат Вилфрид Заха на „Гудисон парк“ не успеа, откако Кристал палас одби неверојатна понуда од 70 милиони фунти плус Џејмс Меккарти и Ченк Тосун.

26-годишниот Заха стана главна мета на „карамелите“ откако претходно Арсенал одлучи дека не може да ја достигне посакуваната цена на Кристал палас. Според „Скај спортс“, Палас ја одбиле неверојатната понуда за фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска и остануваат на цената од 80 милиони фунти, со што го разочарале поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.

Арсенал претходно понудија 40 милиони фунти за Заха, но потоа своите пари ги вложија во Никола Пепе, за кого платија рекордни за клубот 72 милиони фунти.

Заха, кој е на „радарот“ на Борусија Дортмунд, минатата година потпиша нов договор со Кристал палас до 2023 година.

Scroll to Top