Top Sport

Браун: Мик Шумахер е ист како неговиот татко!

Генералниот менаџер на Формула 1, Рос Браун вели дека кога го гледал Мик Шумахер како победува на својата прва Ф2 трка во Хунгароринг минатиот викенд го потсетил на неговиот легендарен татко, седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.

Шумахер Јуниор стигна до првата победа во Ф2 во неделната спринт-трка по тесна битка со Нобухару Мацушита, а на прославата на победата беа шефот на Ферари, Матија Биното, неговата мајка Корина Шумахер, како и портпаролката на семејството, Сабине Кем.

Браун не беше присутен во Унгарија, но вели дека фотографиите веднаш го потсетиле на среќните денови кога тој беше технички директор на Ферари и славеа заедно со Шумахер.

„Не бев таму, но беше навистина емотивно да се види како ги крева рацете кон небото и веднаш ме потсети на Михаел. Мик мораше да се бори за победата, да избегне грешки во долгата трка, и мислам дека сега самодовербата ќе му порасне. Секако, медиумите ја следат неговата кариера и тоа покажува колку вреди името Шумахер. Но, мора да му се даде простор да работи на својата кариера. Пред него е долг пат, но барем е вистинскиот“, вели Браун.

Scroll to Top