Top Sport

Палас се доближи до опстанок по победата во лутото дерби (видео)

Тимот на Кристал палас заработи многу важни три поени во борбата за опстанок, откако со 3:2 успеа да го совлада тимот на Брајтон хоув & албион во едно од најнеобичните дербија во Англија.

Иако Палас се клуб од јужен Лондон, а Брајтон доаѓаат од јужниот брег на Англија, во 1970-тите се изроди едно необично ривалство кое честопати ја преминува границата на добриот вкус.

Овојпат, во супер-интересното прво полувреме беа постигнати сите пет гола, за на крајот Палас да слави и да се пробие на 16. место во Премиер лигата со 34 поени, шест повеќе од Саутемптон, последниот тим во „опасната зона“.

Палас почна одлично откако Вилфрид Заха во 5. и Џејмс Томкинс во 14. минута донесоа 2:0 водство, пред само четири минути подоцна Глен Мареј да намали на 2:1. Заха во 24. минута го постигна својот втор гол, за во 34. минута Искиердо да ги постави конечните 3:2.

На другата страна на табелата, Барнли со 2:1 ги победи Лестер за да им избега на поранешните шампион седум поени на седмото место на табелата. Лошата форма на Евертон продолжи откако одиграа само 1:1 на гостувањето кај Свонси, додека Хадерсфилд освои важни три поени со 1:0 победата над Ватфорд.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 34.КОЛО

Барнли – Лестер 2:1

Кристал палас – Брајтон 3:2

Хадерсфилд – Ватфорд 1:0

Свонси – Евертон 1:1

Scroll to Top