Top Sport

Паласио спречи пораз на Болоња (Видео)

Болоња успеа да се спаси од пораз против Удинезе во првиот натпревар од саботната програма во рамките на 25 коло во Серија А. На „Ренато Делара“, Болоња и Удинезе одиграа 1:1.

Гостите од Удине го отворија резултатот преку Стефано Окака во 33 минута. Напаѓачот на Удинезе највисоко скокна при центаршутот на Родриго Де Паул. Окака го постигна петтиот гол сезонава во Серија А.

Во финишот на мечот Болоња силно притисна, Орсолини промаши добра шанса, а заслуженото израмнување дојде во 94 минута кога Родриго Паласио ја искористи лошата реакција на комплетната одбрана на Удинезе.

„Зебрите“ од Удине се на 15 место со 27 поени, додека Болоња со 34 бода го држи десеттото место.

Scroll to Top