Top Sport

Палермо ќе се продава на oсуден криминалец!

Маурицио Ѕампарини, сопственикот на Палермо, клубот на македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, потврди дека преговара за продажба на клубот на Рафаело Фолиери, човек кој помина 54 месеци затвор во САД поради заговор, измама и перење пари.

Во 2008 година, Фолиери призна дека е виновен во таканаречениот „Вати-кон“ скандал, во кој тој „пренасочи“ 50 милиони долари од инвестотори кои го обвинија поранешниот американски претседател, Бил Клинтон дека сака да купи католички цркви во САД. Тој беше осуден на 4 и пол години затвор, по што беше депортиран во Италија во 2012 година.

Фолиери исто така е познат и во џет-сетот, како поранешно момче на холивудската актерка, Ен Хатавеј.

Фолиери е еден од двајцата заинтересирани за клубот од Сицилија, покрај еден американски конзорциум.

„Преговорите со г-динот Фолиери и ’ФХолдинг групацијата’ околу продажбата на Палермо продолжуваат. Меѓутоа, уште чекаме да ја добиеме документацијата за парите за да се направи првичната проценка. Немаме никакви предрасуди во однос на групата на Фолиери, но сакаме да се изврши проверка на финансиската постојаност на потенцијалните купувачи. Ова е последен коментар околу преговорите, за да не се загрози иднината на клубот“, вели адвокатот на Палермо.

Scroll to Top