Top Sport

Реал се интересирал за Јаго Аспас

Јаго Аспас (31) е последното име што се поврзува со Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“, во летниот преоден рок остана без најдобриот стрелец во историјата на клубот, а на таа позиција се уште не е ангажиран нов играч. Реал за новата сезона како класични напаѓачи ги има само Карим Бензема и Борха Мајорал.

Нејмар е најголемата желба на Реал како засилување во нападот, а денес „Марка“ објави дека Бразилецот би можел да пристигне во Мадрид за 300 милиони евра.

Реал претходно испрати понуда и за Родриго од Валенсија, но клубот од „Местаља“ уште од трансферот на Предраг Мијатовиќ не сака да работи со Реал. Родриго може да си оди само доколку Реал ја плати откупната клаузула од 120 милионе евра. Јасно е дека Флорентино перез нема намера да издвои толку пари за Родриго.

Последен кој се поврзува со реал е Јаго Аспас, човек кој во последните две сезони е најдобриот Шпанец на листата на најдобри стрелци во Ла Лига.

Во изминатите две сезони Аспас за Селта има постигнато 41 гол, а неговата цена е 40 милиони евра.

Прашање е само дали Аспас е играч за голем клуб, бидејќи неговата авантура во Ливерпул, а потоа и во Севилја заврши неславно.

„Марка“ најавува сензационален трансфер: Нејмар ќе заврши во Реал

Scroll to Top