Top Sport

Палермо поставија рекорд во Серија Д!

Поранешниот италијански прволигаш, Палермо, каде што до лани играа и македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски постави рекорд во четвртата лига (Серија Д) со продадени 10.446 сезонски билети.

Палермо испадна во најнискиот ранг на италијанскиот професионален фудбал, откако клубот банкротираше и не можеше да обезбеди финансиски гаранции за учество во Серија Б, а требаше да играат бараж за влез во елитата, по што клубот беше ре-основан.

Тренерот Росарио Перголици и напаѓачот Марио Сантана се меѓу ретките кои останаа во тимот. Со 10.446 продадени сезонски билети клубот од Сицилија го сруши претходниот рекорд на сегашниот прволигаш Парма, кој се најде во слична ситуација во 2015 година.

Scroll to Top